В среда (27 февруари, 2013) во Кинотеката на Македонија во Скопје од 18:00 часот, ќе биде прикажан краткиот игран филм „Шумарот” на младиот режисер Изер Алиу.
Филмот е во продукција на ВЕДА филмс од Скопје и Норвешката филмска школа од Лилехамер. Филмот е поддржан од Филмскиот Фонд на Македонија.
Улогите во филмот ги толкуваат единаесетгодишниот Бесим Муртезани, шестгодишниот Алтин Аџани и актерот Бурхам Амити во улога на таткото.
„Шумарот“ е добитник на престижната награда „Аманда“ и е прогласен за најдобар краток филм на Интернационалниот фимски фестивал во Берген, Норвешка.
Изер е автор на повеќе кратки филмови ( „Star Wars Kid“, „Hinmannen (Devil)”, „The Secret“, „The Ticket“, „Pickpocket“, „What it is“, „Patent“, „Gracan“, „The Night Before“, „Owned“) и веќе го има снимено пилот проектот за својот прв игран филм со наслов „The Flute“.
Инаку, тој вели дека „филмот не е нешто со кое ќе покажеш дека знаеш се, туку дека се познаваш себе си“.