Зајакнување на соработката помеѓу македонските и српските писатели

Претседателите на македонската и на српската асоцијација на писателите Веле Смилевски и Радомир Андриќ денеска ја утврдија програмата за соработка во наредните четири години.

stack-of-books

 

Друштвото на писателите на Македонија соопшти дека релациите воспоставени меѓу двете асоцијации подразбираат соработка на различни нивоа, и тоа на планот на издавачката дејност, списанијата, книжевните манифестации, симпозиумите и саемите на книгата.

Заедничка е оценката дека она што до сега е постигнато е добра основа за проширување и интензивирање на соработката со цел натамошна афирмација на естетски валидните и потврдени литературни вредности во двете културни средини, се наведува во соопштението. Договорено е меморандумот за соработка меѓу Друштвото на писателите на Македонија и Здружението на писателите на Србија, врз основа на утврдената програма, да биде потпишан во септември оваа година во Белград. Во ДПМ денеска се одржа и литературна средба на која настапија српските писатели Радомир Андриќ, Душан Стојковиќ, Јеремија Лазаревиќ и Милица Лилиќ, како и македонската писателка Гордана Стојковска, која е член и на Здружението на писателите на Србија.

You May Also Like