Промоција на петтиот том од едицијата „Толковен речник на македонскиот јазик“

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска утре (понеделник, 21 мај 2012 година) со почеток во 11:00 часот во Институтот за македонски јазик ќе се обрати на промоцијата на петтиот том од „Толковниот речник на македонскиот јазик“ чие печатење е финансирано од Министерството за култура на Република Македонија.

Промотори на публикацијата се проф. д-р Максим Каранфиловски и проф. д-р Димитар Пандев.

You May Also Like