Македонско хрватското друштво и хрватски културен центар Марко Марулиќ во соработка со Центарот за култура, го организираат гостувањето на театарскиот ансамбл Пучка сцена од Херцеговац – Република Хрватска со претставата “Се гледаме на Ден Хааг”.
Претставата зборува за обидот на еден Србин и Хрват да се сретнат на неутрална територија и да склучат примирје. Текстот е создаден според познатиот текст на Радослав Павловиќ, Шовинистичка фарса ,па така комичните делови особено оние кои се однесуваат на србинот и хрватот, ја засмејуваат публиката каде и да се претставени.
Гостувањето е во рамките на одбележување 90 години постоење на хрватската читална Херцеговац во чии рамки скоро 3 децениии функционира и театарската сцена. Одбележувањето на јубилејот се презентира преку културата и тоа преку низа претстави, концерти, танц и зачувување на народните обичаи.

Театарската сцена до сега имала преку 44 премиери и гостувања во повеќе земји меѓу кои Унгарија, Австрија, Србија, Босна и Херцеговина, Романија, Црна Гора …
Улогите ги толкуваат Зоран Крамариќ, Иванка Марениќ, Јосип Клобучар, Славен Јурчиќ, како и самиот режисер Иван Братковиќ.
Претставата ќе се изведе во сабота 4 -ти октомври, во малата сала на центарт за култура со почеток од 20 часот.
Влезот е слободен.