Eднодневна екскурзија: “По трагите од тајните на кратовските утмани”

По повод “Меѓународниот ден на музеите” Центарот за научни истражувања и промоција на културата „Хаемус“ – Скопје’’ во соработка со Музејот на град Кратово и со подршка од Т.А. Арботравел, Скопје, утре (недела) ќе реализира еднодневна екскурзија насловена: “По трагите од тајните на кратовските утмани”.

Целодневната екскурзија низ Североисточниот дел на Република Македонија започнува со посета на Кокино, археолошки локалитет од бронзеното доба и архео-астрономската опсерваторија, а потоа продолжува кон Кратово со пешачки разглед на градот. За време на прошетката низ Кратово, во духот на Меѓународниот денот на музеите, се посетуваат Музејот на град Кратово и Саат кулата. Целта на оваа екскурзија е посета на локалните музеи кои треба да го привлечат вниманието на луѓето кон природното и културното наследство на Република Македонија.

 

You May Also Like