DMWC организира добротворна продажна изложба

 „Добредојде“ Macedonia Welcome Center (DMWC) во соработка со Галеријата „Грал“ организираат добротворна продажна изложба на уметнички дела од истакнати македонски уметници.

art_ehxibition_and_sale-dmwc

Настанот ќе се случи на 29 мај, четврток во 19:30часот во Галеријата на Тутунска банка (улица Водњанска 1000 Скопје).

Изложбата ќе ја отворат:
Н. Е г-ѓа Душанка Дивјак Томиќ – Амбасадорот на Република Србија во Македонија и почесен претседател на Меѓународниот добротворен базар 2014.
Г. Коце Трајановски – градоначалник на Скопје.

Собраните средства ќе бидат наменети за посебното основно училиште „Златан Сремац“- Скопје.

Изложбата е преднастан на традиционалниот Меѓународен добротворен базар кој DMWC го организира заедно со странските амбасади во Македонија и македонската бизис заедница. Четвртиот Базар ќе се одржи на 7 јуни 2014 година во Градскиот трговски центар (ГТЦ).

You May Also Like