Театра во потрага по свежи драмски текстови

Независниот театар Театра под мотото „Ја сакаме твојата драма“ со конкурс за нови драмски текстови кој трае што денес:

Во соопштението за конкурсот се вели:

„Ја сакаме твојата драма!

На што застанува твоето срце и на што се жести твојата рака? Кои се твоите нераскажани приказни?

Ако за тебе не е никаков проблем да седнеш на стол и максимално да се предадеш на онаа грутка во тебе што сака да експлодира на хартија, на тастери, на лаптоп, ipod, блекбери, што било, ако сметаш дека така можеш да создадеш своја драма и без срам и со потполно право застанеш зад испишаното, тогаш тебе те бараме!

Theatra објавува отворен повик за драмски текстови! Прати го твојот текст на contact@theatra.mk до 10 јуни и приклучи се на проектот „Секаде театар“. Ја сакаме твојата драма!“

You May Also Like