Deeplima во Капан Ан

Утре, (петок, 11 мај) ќе се одржи првата забава на летната тераса во скопскиот клуб Капан Ан годинава.

Серијалите на ДИПЛИМА ја закружуваат зимската сезона и веруваме дека со истиот елан ќе ја продолжиме нашата музичка приказна и во летниот период.

Покрај хостот на забавата Милескаја и резидентот Стојче, ќе настапи и Александар Крстевски кој веќе се престави со свој диџејски сет на почетокот на сезоната.

Стојче Цветановски ќе ја искористи оваа забава да ја промовира својата последна плоча која ја издаде за неговата издавачка куќа ‘Tangible Assets’

На забавата ќе има и Fire performance by Balance (Fuzzbubble Crew) & Spin.

За видео артот е задолжен Ind.o.g.

You May Also Like