Падна првата клапа на филмот „Приказни од дивиот исток“

Денеска (четврток, 10 мај) во село Света, Демир Хисар започна снимањето на играниот филм „До Балчак – Приказни од дивиот исток“ во режија на Столе Попов, а по сценарио на Горан Стефановски. На почетокот на снимањето присуствуваше и министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска.

„Ова е ремек дело, нешто што првпат гледам иако сум присуствувала на многу сетови. Овој филм е од голема историска и културна важност за нашата држава. За ваков филм треба многу труд и посветеност и енергија. Уште пред два-три месеци кога ги видов скиците знаев дека ќе се направи нешто добро. Убедена сум дека ќе бидеме горди како граѓани на Македонија за еден ваков филм со голема историска важноста за нашата држава“ изјави министерката за култура.

Режисерот Столе Попов појасни дека по 25 години откако со Горан Стефановски го почнале сценариото, го снимаат филмот кој треба да проговори за она што е корен на македонската кауза, за слободата, за сопствениот идентитет и за тоа како да се зачува и да се одбрани.

„До балчак“ е финансиски поддржан од Владата на Македонија и Филмскиот Фонд на РМ во програмата за проекти од национален интерес.

You May Also Like