Едно од најголемите музички имиња на денешницата, разиграниот бенд „Џамироквај“ (Jamiroquai), на чело со екстравагантниот пејач Џеј Кеј, е главна ѕвезда на „Си Денс“ (Sea Dance) фестивалот, кој од 15. до 17. јули ќе се одржи на една од најубавите плажи на Јадран, Јаз кај Будва.
По повеќе од дваесет години успешна кариера, 25 милиони продадени албуми, освоени Греми награди, безброј откачени шапки и еден од најпосетените концерти во историјата на ЕГЗИТ фестивал, „Џамироквај“ се придружува на ЕГЗИТ авантурата, за да ги покрене посетителите на Си Денс фестивал на фанки морски танц со хитовите “Virtual Insanity”, „Cosmic Girl“, „Love Fool“, „Little L“, „Corner of the Earth“ и многу други!
По дури 22 години на сцената Џеј Кеј и екипата ја докажуваат постојаноста на својот својствен израз, со години обоен со фанк, електро и чисти поп сегменти. Комбинацијата на лелеавиот вокал и интересните костимографски креации им овозможи отскокнување од шаблонот и резултираше со кариера преполна со хитови како „Cosmic Girl“, „Love Fool“, „Little L“.
Дури и по толку долгорочна и со награди крунисана кариера, „Џамироквај“ и понатаму важи за бенд кој дава сè од себе на настапите, што сигурно ќе се случи и на Си Денс фестивалот, пред огромниот број фанови подготвени повторно да заиграат со вечното момче, Џеј Кеј!