Промоција на стрип-албумот „Personal futurism / Public politics“ во Струмица

Денеска (четврток, 24 април 2014 година), со почеток во 19:30 часот во клуб „Маф Маф“ во Струмица ќе биде промовирана стрип-албумот „Personal futurism / Public politics“ од Иванка Апостолова. Оррганизатор е Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст – Струмица“.

personal_future_promocija_strumica

Прооцијата ќе ја отвори Митко Гогов, а ќе биде претставен и еден од застапените автори во оваа книга Миле Ничевски.
Стрип албумот отпечатен е на англиски јазик, воведниот текст го напиша Иванка Апостолова (антрополог и уметник), албумот е создаден во соработка со повеќе реномирани стрип- автори и визуелни уметници од Македонија, Италија, Романија, Словенија, Хрватска, Србија и Босна: ЗОГРАФ, Владимир Палибрк, Соња Кучели, Нежа Зинајиќ, Мартина Лајтнер, Ивана Арманини, Филип Андроник, Дамир Штенфил, Франко Сакети, Горан Дачев, Атанас Ботев, Дуња Јанковиќ, Каја Авбершек, Џанлука Константини, Матеј Бранеа, Маја Веселиновиќ, Миле Ничевски и Тони Димитров.

You May Also Like