Македонскиот туристички производ промовиран на саем во Милано

Во организација на Агенција за промоција и поддршка на туризмот согласно планираните саемски презентации за оваа година, Република Македонија од 13-15 февруари 2014 година беше присутна на саемот за туризам Bit 2014 во Милано, Италија.

mk_proizvodi_saem_turizam_milano

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот одлучи и оваа година континуирано да ја промовира Македонија на овој реномиран саем од областа на туризмот, со цел да се прошири и зголеми заинтересираноста на потенцијалните туристи од Италија. Македонија како земја со богата историја, култура, религија, архитектура, природа и секако вкусна храна и вино привлече голем број на посетители кои не останaa рамнодушни од новата атрактивна дестинација на Балканот и пошироко.

Македонските туристички потенцијали беа презентирани на италијанскиот пазар со нов дизајн на штандот, видео материјал од промотивната кампања Macedonia Timeless и нови промотиви материјали изработени за италијанскиот пазар.
Во текот на тридневното промовирање македонскиот штанд беше посетен од туроператори и новинари од Италија, како и од голем број на потенцијални туристи кои покажуваа интерес за религиозниот, културниот туризам и кружните тури низ балканот вклучувајќи ја и нашата земја.
Саемот Bit 2014 имаше излагачи од 100 земји кои ги промовираа своите туристички потенцијали, присуствуваа над 53.600 професионалци во туризмот од кои 44% беа туристички агенции и 2.000 новинари. Оваа бешеи причина повеќе за нашиот настап и оваа година.
Ова саемско промовирање е уште едено од низата планирани промотивни активности за 2014 година во правец на зголемување на бројот на туристи од европскиот и светскиот пазар.

You May Also Like