Меѓународното жири на 57-то годишно натпреварување за „Ворлд прес фото“ (World press photo), ја избра фотографијата на африканскиот фотограф Џон Стенмајер за најдобра фотографија за 2013 година.
Фотографијата прикажува африкански имигранти на брегот на Џибути во текот на ноќта кои држат подигнати телефони за да се обидат да фатат бесплатен сигнал од Сомалија, за да се слушнат со своите роднини.
Џибути е вообичаена станица за имигранти од земјите како што се Сомалија, Етиопија и Еритреја во потрага за подобар живот во Европа и на Блискиот Исток.
Жирито додели награди во девет тематски целини кои ги примија 53 новинари од Австралија, Аргентина, Азербејџан, Бангладеш, Бугарија, Кина, Чешка, Ел Салвадор, Финска, Франција, Германија, Иран, Италија, Јордан, Мексико, Холандија, Нов Зеланд, Полска, Русија, Србија, Јужна Африка, Шпанија, Шведска, Велика Британија и САД.