Министерката Канческа-Милевска заедно со кандидатот за градоначалник на општина Куманово, Зоран Ѓоргиевски, денеска (петок, 5ти април) ја посети куќата на македонскиот народен херој Христијан Тодоровски-Карпош, објект кој е споменик на културата од 1976 година.
– Во оваа пригода сакам да истакнам дека Владата на Република Македонија и Министерството за култура, почитувајќи го минатото на македонскиот народ и на македонската држава, посветуваат особена грижа и внимание за спомениците на културата и за историските споменици од Народноослободителната војна. Токму затоа, денеска ја посетивме родната спомен-куќа на македонскиот народен херој Карпош во кој е сместена постојана историска поставка од НОБ. Поставката е од особено значење бидејќи содржиразни документи, оружје, фотографии и други експонати од овој период, истакна Канческа-Милевска.
Таа пред новинарите појасни дека Министерството за култура годинава издвои средства за целосно преуредување на музејот, како и за збогатување на историската поставка со нови фотографии, документи и историски предмети-експонати.
– Со тоа на дело ја покажуваме грижата за зачувување на спомениците на културата од овој историски период на нашата држава. Верувам дека со новата поставка ќе дадеме должна почит кон минатото и кон сите оние што ги дадоа своите животи за ние да можеме да ја живееме сегашноста, рече Канческа-Милевска.