Продолжуваат припремите за подземната сообраќајница

Градоначалниците на Град Скопје и Општина Центар, Коце Трајановски и Владимир Тодоровиќ, заедно со Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски денеска одржаа прес-конференција за постапката за иградба на новата подземна сообраќајница во Скопје.

Станува збор за најголемиот сообраќаен проект кој ќе се гради во Скопје по многу години и ќе биде проект во чија реализација ќе учествуваат Владата на Република Македонија, Градот Скопје и Општина Центар.

– Веќе Градот Скопје го објави тендерот за изградба на подземна сообраќајница во Скопје кој ќе понира кај Народна Банда до тука. Овој проект е еден од најголемите проект кој се реализира во Скопје кој ќе чини околу 45 милиони евра. Проектот е завршен и тендерот е во тек и доколку се е во ред во септември ќе започне неговата изградба – изјави Груевски.

Трајановски изјави дека ова е најголемиот сообраќаен проект кој се реализира во Скопје кој во голема мера ќе го реши сообраќајниот метеж во гравниот град.

Оваа подземна сообраќајница ќе има кружни сообраќајници на две нивоана двата нејзини влезови. Должината на оваа сообраќајница е 1.300 метри, од коишто 900 метри се под земја, а 400 метри над земја. Би сакал да се заблагодарам на помошта на Владата на Република Македонија за финансиската помош за изградбата на оваа подземна сообраќајница, каде две третини од средствата ги покрива Владата додека една третина Градот Скопје. Голема благодарност и до Општина Центар за ангажманот за подготовката на техничката документација и изработката на деталните урбанистички планови за оваа сообраќајница – кажаТрајановски.

Владимир Тодоровиќ изјави дека со реализацијата на овој голем сообраќаен проект, значително ќе се подобри одвивањето на сообраќајот во Скопје.

You May Also Like