Утре (недела, 5 февруари 2012 година) во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид со почеток во 13: 00 часот, во Изложбениот салон ќе се одржат Прличевите беседи 2012.
Ова е програмата која следува:
НЕДЕЛА 5 февруари
12:45 ИЗЛОЖБА на ликовни дела од Колекцијата на НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид
13:00 СВЕЧЕНОСТ ПОСВЕТЕНА НА ЛАУРЕАТОТ
Кратка двд проекција според наградената
поема “АКО” од Трајче Кацаров
-“1762 лето” – изведба на хорот при НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид
– Говор на Директорот на НУ Центар за култура “Григор Прличев”-Охрид, М-р Драгана Боцеска
– ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА ПОЕМАТА “АКО” од Трајче Кацаров носител на наградата ГРИГОР ПРЛИЧЕВ 2011 БЕСЕДА: Ристо Јачев
– Артистичка изведба на поемата “АКО” Страшо Милошевски
– Врачување на Повелбата и Наградата за најдобра поема “Григор Прличев” за 2011 година.
– Свечено обраќање на лауреатот Трајче Кацаров
– Објавување Конкурс за најдобра поема “Григор Прличев” за 2012 година
-Сплет од охридски староградски песни во изведба на Ансамбл”Биљана” – Охрид
Организирањето на манифестацијата е овозможено со материјална помош на Министерството за култура на Република Македонија.