Изложба на унгарски фотографии во Илинден

Во Домот на култура „Илинден“ во Општина Илинден беше отворена изложба на фотографии на скулптури сликани во Унгарија, наречени Јашаги Соброг.

fotografska_izlozba_opstina_ilinden

Со пригодна реч за значењето на изложбата на присутните им се обрати амбасадорот на Унгарија во Република Македонија, Јозеф Бенц.

Преку претставувањето на уметничкото наследство на Унгарија низ фотографии на религиозни статуи и крстови македонската публика има можност да дознае нешто повеќе за традиционалните вредности на унгарското општество.

Покрај фотографиите на скулптури сликани во Унгарија голем дел од изложбата е посветен и на тројцата најпознати унгарски композитори Франц Лист, Золтан Кодали и Бела Барток, па посетителите на изложбата можат преку повеќе ексклузивни фотографии и информации да се запознаат со биографиите и делата на овие големи имиња во светот на уметноста.

Изложбата ќе биде отворена наредните десет дена.

You May Also Like