Центарот за култура “Григор Прличев” од Охрид ќе биде домаќин на Театар „Солза и смеа“ од Битола и јубилејната претстава по повод 18 години постоење на битолското студио – „Златна бубашваба на популарноста 7“.
„Златна бубашваба на популарноста 7“ е 7-ма по ред претстава од ваков вид, традиција на „Солза и Смеа“ години наназад. Авторска претстава во вид на шоу или кабаре, со имитација на познати личности, настани, скечеви, музика и уште многу. Најпосетувани претстави на Солза и Смеа наназад низ годините, после 4 години пауза конечно и со нов, 7-ми дел. Специјални гости: Бојан Стојков и Катерина Петровска (поранешни членови на Солза и Смеа)
Гостувањето е закажано за 14-ти март 2014 година (петок), почеток 20:00 часот.