Објавена теориско-методолошка книга од Ана Витанова Рингачева

Друштвото за издавачка дејност „МАКЕДОНИКА“ од Скопје неодамна ја објави книгата „Поетскиот дискурс во наставата (методички пристап)“ на Ана Витанова Рингачева. На почетокот на книгата објавени се и два предговора – на проф. д-р Виолета Димова и Иван Котев, кои се и рецензенти на книгата.

Предмет на истражување на Ана Витанова Рингачева во овој труд е поезијата и нејзините специфики, особености и различности, со посебен акцент на интерпретацијата на поетскиот текст во наставата по литература во средното образование. Апликативно поставените тези, Ана Витанова Рингачева, ги проверува врз примери од поезијата на Блаже Конески.

Ана Витанова Рингачева 1981, Стру¬¬мица) дипломирала на катедрата по македонска книжевност и јужнословен¬ски книжевности на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. На истата катедра ги завршила постипломските студии со магистерскиот труд под наслов „Мето¬дич¬ки постапки за наставна интерпретација на поетски текст во наставата по литература“ од кој произлегува оваа книга.
Работи како професор по македонски јазик и литература во Струмица.

You May Also Like