Турската популарна група „Баба Зула“, Васил Хаџиманов и Каролина Гочева ќе настапат на Фестивалот на музика од светот што во организација на Центарот за култура ќе се одржи од 6 до 8 декември во Битола.
На првата фестивалска вечер, на 7 декември ќе настапи Васил Хаџиманов кој ќе се претстави со авторска музика со балкански музички вариетети и џез фузија, како и Каролина Гочева со изведба на нејзиниот албум „Македонско девојче“.
Втората фестивалска вечер на 8 декември е резервирана за концерот на популарната турска група „Баба Зула“. Оваа група е позната по својата алтернативна музика која ги комбинира ориенталните инструменти со модерниот електронски звук. На настапот во Битола, турскиот бенд, во состав на Левент Акман, Мурат Ертел и Косар Камчи, ќе настапи заедно со нивната соработничка од Македонија на повеќе проекти, вокалистката на групата „Баклава“ – Елена Христова.
Во склоп на фестивалот, на шести декември ќе се одржи официјална промоција на најновиот албум на музичката група „Љубојна“ – „Љубојна брас фантази“.
Фестивалот е поддржан од Министерството за култура на Р.Македонија. Селектор на програмата и уметнички директор на фестивалот е Оливер Јосифовски.