Звезда Ангеловска автор на македонската порака за Светскиот ден на театарот

Автор на македонската порака по повод Светскиот ден на театарот – 27  Март, 2014 е актерката и режисер Звезда Ангеловска, вработена во Македонскиот народен театар во Скопје.

zvezda_angelovska_foto_dorijan_milovanovic

Од оваа година Македонскиот центар на ИТИ стимулира соработки помеѓу актери, актерки и фотографи по повод Светскиот ден на театарот, 27 март и Светскиот ден на танцот, 29 април.

Пораката на Брет Бејли на македонски јазик ја чита и интерпретира актерот од Битола, Марјан Ѓоргиевски, во видео филмот режиран од страна на македонскиот филмски режисер Иво Бару, направен во  соработка/продукција со екипата на Контра Кадар од Битола.

Од ИТИ велат: „На овој начин видео филмот и драмскиот театар во комбинација, отвараат нови интерпретации и можности за креативен, уметнички израз. Од ланската 2013 година Македонскиот Центар на ИТИ поттикнува инспиративни спојувања помеѓу локалните уметници од театарската и филмската уметност, на тој начин квалитетни интересни уметници доаѓаат до израз правејќи најиздржани видео филмови за Светскиот ден на театарот во рамките на целата мрежа на ИТИ. Нашите видеа се издвојуваат од сите паушално и сирово направени видео репортажи од страна на Локалните Центри на ИТИ. На што укажува ова, укажува на однос и став кон можноста за продукција и истакнување на квалитетното од локалните изведбени уметности, македонските уметници даваат специфични толкувања, доживувања на зенот на светските пораки напишани од реномирани драмски уметници како Дарио Фо, 2013 и Брет Бејли, 2014. Ваквиот однос отвара нови можности за соработка со македонските уметниците кои им пристапуваат уметнички одговорно на овие предизвици“.

You May Also Like