Велешките фабрики инспирација за постери-боенки

Изледот на велешките запуштени фабрики и нивната нефункционалност беше предизвик и инспирација за уметникот Дарко Алексовски кој направи уметничко дело, насловено „Фабрики“ и кое го претстави на изложба во Марсеј.

darko aleksovski_fabrika_boenka

Тоа се 15 постери – боенки во голем формат во црно бела техника, кои изложени, обезбедуваат интеракција со публиката – таа е повикана да ги обои и да им даде нов изглед.
– Мојата идеја беше да дадам метод преку кој публиката ќе може да понуди нешто ново, да даде една попозитивна слика на фабриките кои сега не работат, а кои во минатото го хранеле целиот град и обезбедувале живот за граѓаните – вели тој.
Делата на Алексовски ги објави виенскиот издавач Марк Пезингер, кој објавува уметнички книги, а три од постерите се дел од изложбата во Центарот за документација и современа уметност во Марсеј и ќе бидат поставени до четврти мај.

извор: Лице в лице

You May Also Like