Мајките на ученици во источна Шпанија (регионот Каталуња) смело позираат за еротски календар, со цел да соберат средства за училишен автобус, за превоз на вкупно 80 деца.
Оскудните средства за образованиe натераа група мајки, на деца од училиштето Evaristo Calatayud во областа Мoнсерат, Каталуња, да направат една необична постапка. Локалната власт поради паричната криза го сопрела превозот на 80-тина ученици. Децата се принудени секој ден да пешачат по 6 километри до училиштето. За да обезбедат пари за транспорт, мајките без да се размислуваат многу, ги соблекле алиштата. Тие позираат во предизвикувачки пози, покрај станиците на автобусите, за да привлечат средства и внимание на проблемот.
„Се надевам дека догодина нештата ќе се променат,инаку и мажите ќе треба да се соблечат голи“, вели Јолaнда Пјеро, една од мајките. За календарот веќе има интерес, што дава надеж дека потребната сума од 43 илјади евра, ќе биде собрана. Толку чини превозот на деца до крајот на учебната година.
Еве повеќе информации на темата. 🙂
Подготвил: Л.Ѓ.