Деновиве на четири факултети на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје: Шумарскиот факултет, Факултетот за земјоделски науки и храна, Факултетот за ветеринарна медицина, деканат и институт, и на Природно-математичкиот факултет, започнаа градежните работи за изведба на пристапни рампи за инвалидизирани лица.
За изведување на работите за изведба на пристапни рампи за инвалидизирани лица за потребите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје согласно законските прописи на РМ, спроведе постапка со објавување јавен тендер. Со оваа изведба, покрај горенаведените опфатени се и следниве факултети: Архитектонски, Градежен, Медицински факултет-деканат, Медицински факултет-институти, Медицински факултет-судска медицина, Машински факултет, Факултет за електротехника и информациски технологии, Педагошки факултет-главен влез, Педагошки факултет (ФЛУ).
Исто така, УКИМ склучи и договор за надзор на изведбата на пристапни рампи за инвалидизираните лица. За изведба на рампите, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје издвои околу 8 милиони денари.
Рокот за завршување на работите е 4 месеци.