Гази Баба склучи договор со жените-претприемачи

Градоначалникот Тони Трајковски потпиша Договор за соработка со Фондацијата за поддршка и развој на женското претприемништво – Центар за жени претприемачи.

Општина Гази Баба во Центарот за млади и невладини организации им обезбедува просторни услови, а Центарот за жени претприемачи нуди Програма за работа за периодот 2013 – 2015, која е од интерес на општината, преку резализација на соодветни проекти.

Програмата 2013-2015 овозможува подобрување на условите во областите на невладиниот сектор и младите, со реализација на следните цели:

– Подобрување на економската клима со директно зголемување на можностите за отварање нови работни места преку обуки, советување, консултации, мониторинг, значајно поттикнувајќи ја преприемачката свест кај женската и младата популација,

– Градење на капацитети за постигнување на уште поголема ефикасност и ефективност на локалниот партнер-Општина Гази Баба, каде посебен акцент е поставен на развојот на иновативни, ИТ менаџмент решенија за поддршка на малите и средните претпријатија во општината,

– Усовршување на процесите и стручниот кадар за подобрување на инвестициските можности и привлекување на инвеститори,

– Поддршка на партиципацијата во креирањето на политики во рамките на економските и образовни институции, на локално, национално и меѓународно ниво. Тоа делување е директно насочено кон создавање на можности за економски развој и отварање на претприемачки можности,

– Интегрирање на жените и младите во ЕУ програми,

– Поттикнување на свеста за животната средина,

– Одржување на добри меѓуетнички односи врз принципите на меѓусебна соработка и бизнис вмрежувања.

You May Also Like