Маја Кировска и Ангел Миов изложуваат во Њујорк

Од 16ти до 30ти јули во GALLERY MC во Њујорк ќе се отворат две изложби на уметниците Маја Кировска и Ангел Миов.

maja_kirovska1

Кировска ќе се претстави со делото “Организми 2” кое е динамичка инсталација каде обоена течност преку медицински кеси за трансфузија и инфузија поминува низ канали изрежани на мали плочки плексиглас капе на купчиња хартија создаваќи обоени дамки со различна големина. Тоа е дело преку кое се анализираат релациите природно-вештачко, органско-неорганско, растително-животинско-човечко….

Ангел Миов ќе се претстави со делото “Исечи ги конците…”кое е инсталација од платна, цртежи со конци, конци, фотографии и видео. Се’ е исечено. Се’ што ќе се исече се уништува, се’ што ќе се исече е вишок, се’ што ќе остане е добро, се’ што е добро виси на конец, конецот е линија, повеќе линии се конци… Исечи ги конците!

You May Also Like