По генијалната прва реклама на Pepsi Max, во која НБА ѕвездата во подем Кајри Ирвинг (Кливленд Кавалирс), маскиран како старец дава часови по баскет, еве го и вториот дел. Овој пат во тандем со репрезентативецот на САД, Кевин Лов (Минесота Тимбервулфс).
Во видеото можете да го видите и легендарниот Бил Расел, кој ги подучува и мотивира. Секако, неодминлив момент се шокираните фаци на случајните минувачи кои гледаат како двајца „старци“ ги газат локалните баскет авторитети во Лос Анѓелес.