Денеска (вторник, 22 јули) во 20:30 во Народниот театар во Битола, во рамките на Шекспир фестивалот гостува Националниот театар од Тирана со претставата „Сон на летната ноќ во режија на познатиот Џон Блондел.
На вчерашната конференција директорот на Театарот од Тирана, Ервин Чули го истакна своето задоволство што имале можност да соработуваат со истакнат светски шекспиролог како што е режисерот Џон Блондел и посочи дека претставата која наишла на добар прием кај албанската публика е од најновата театарска сезона.