Децата од игралната при библиотеката „Другарче“, како и нивните повозрасни другари-посетители на курсот по англиски јазик на свој препознатлив, разигран и само ним својствен начин, во организација на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“-Скопје, го одбележаа Големиот христијански празник Велигден.
Својата детска фантазија ја преточија во цртежи со разнобојни велигденски јајца, а со декорација и боење на „вистински“ јајца од кои застанува здивот го навестија денот на воскреснувањето на Исус Христос.
Повеќе од очигледен е високиот степен на духовна имагинација кај најмладите генерации, таа треба и мора да се надоградува, бидејќи тоа во спрега со високиот интелектуален капацитет кој тие го поседуваат се патот кон светла и просперитетна иднина.