По повод големиот христијански празник Велигден, општина Гази Баба во соработка со основните училишта и градинките, во ОУ „Дане Крапчев“ ја организираше манифестација за избор на најубаво декорирани велигденски јајце. На оваа манифестација децата ја покажаа својата креативност, изработувајќи прекрасно декорирани велигденски јајца.
„Целта е да ја продолжиме нашата традиција, пред овој голем празник Велигден, во домашни услови да се украсуваат јајцата, а и да се направи едно заедничко дружење помеѓу учениците од основните училишта и децата од градинките“ – истакна градоначалникот Тони Трајковски, кој воедно ја отвори оваа манифестација, која во иднина ќе прерасне во традиционална. За сите училишта и градинки, општината обезбеди симболични награди.