Во сабота, на 11 октомври, со операта „Магбет“ на Верди во режија на Адриан Нобл започнува сезоната на директни преноси на оперски изведби од њујоршкиот Метрополитен на големото платно во Синеплекс.
Сезоната 2014-15 носи вкупно десет претстави, вклучувајќи шест нови продукции.
Започнува деветата сезона на МЕТ: Живо во HD, наградуваниот серијал чиј репертоар
Метрополитен Опера го пренесува на повеќе од 2.000 кино платна, во 65 земји ширум светот.
Сезоната 2014-15 носи вкупно десет претстави, вклучувајќи шест нови продукции. Сите претстави кои ќе бидат со пренос во живо од сцената на Мет, ги изведуваат најдобрите пејачи, диригенти и театарски уметници.
МАГБЕТ (Верди)
11 октомври 2014, во 18:55ч
Дигигент: Фабио Луиси
Режисер: Адриан Нобл
Костимограф и сценограф: Марк Томсон
Дизајн на светло: Жан Калман
Кореограф: Су Лефтон
Улоги: Ана Нетребко (Лејди Магбет), Жозеф Калеха (Макдаф), Жељко Лучиќ (Магбет), Рене Папе (Банко)
Во вердиевата верзија на Шекспировата трагедија и Ана Нетребко се појавува во вокално и
глумачки сложената улога на Лејди Магбет. Жељко Лучиќ ја игра насловната улога. Зад режијата се потпишува Андриен Нобл, диригент е Фабио Луизи, а Жозеф Калеха и Рене Папе ги толкуваат улогите на Макдаф, односно Банко.
„Ова беше ноќта на г-ѓа Нетребко… Нејзиниот звук беше кадифен, но сепак чадлив, нејзинот глас моќен, но наметлив.. Ова беше прецизно пеење на Верди со треперливи тонски ноти.“ – The New York Times
„Со нејзиниот резонантно прекрасен глас, Ана Нетребко е фасцинантна појава во вердиевата
опера…“ – Financial Times