Во изложбениот салон на Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани се поставени делата од меѓународната ликовна колонија „Лесново 2013“, на Домот на кулктурата „Злетовски рудар“ од Пробиштип.
– Во рамки на нашата заедничка соработка, делата од Лесновската ликовна колонија традиционално ги изложуваме и пред кочанската публика. На изложбата се поместени 26 дела претежно масло на платно создавани од ликовните уметници од Бугарија, Романија, Србија и Македонија, учесници на 22-та мегународна ликовна колонија Лесново, истакна Тања Стојковска, директор на Домот на културата во Пробиштип.
Изложбата на дела од Лесновската ликовна колонија во Кочани ќе бидат изложени до крајот на април.