Општина Битола по повод 4-ти Ноември, Денот на ослободувањето на градот, на македонскиот театарски и филмски режисер, драмски писател и актуелен македонски амбасадор во Србија, Љубиша Георгиевски му ја доделува годинашната награда за животно дело.
Добитници на наградите за едногодишно остварување се олимпијката во стрелаштво Оливера Наковска Бикова во областа од спортот и Битолскиот Народен Театар од областа на културата. Свеченото доделување на наградите ќе се одржи на свечена академија на 4 ноември во Битола.