Пуштање во употреба на Домот на култура „Крсте Петков Мисирков” во Свети Николе

Вечерва (четврток, 17 мај 2012 година), со почеток во 19:30 часот во Свети Николе, министерот за култура Елизабета Канческа-Милевска ќе се обрати на свеченото отворање на целосно реконструираната локална установа – Дом на култура „Крсте Петков Мисирков”.

Во присуство на шефот на делегацијата на Европската унија, Аиво Орав и амбасадорот на Италија Фабио Кристиани, ќе биде прикажан италијанскиот игран филм „Цел живот пред тебе“ на режисерот Паoло Вирзи.

You May Also Like