Децата од градинката „Срничка“ на Фестивал за органска храна

Вчера (4 октомври 2014 година) дечињата од градинката „Срничка“ од Општина Аеродором во рамки на одбележување на зелената недела учествуваа на Фестивалот на органска храна.

gradinka_srnicka_zelena_nedela

Зелената недела е светска кампања за јакнење на свесноста од штетните последици од употребата на пестициди и предностите од консумирањето органска храна.

Кампањата е реализирана под покровителство на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Здружението на производители на органска храна „Биофарм-Биљино“, преку учество на дваесет производители на органска храна.

You May Also Like