Се одржа првата еко-олимпијада

Општина Гази Баба, Македонски Олимписки Комитет и градинката „Детска радост“ ја организираа првата еко – олимпијада.

eko_olimpijada

Во парк шумата Гази Баба, пред присутните се обратија директорката на градинката Лилјана Крстевска и претседателот на македонскиот олимписки комитет, Васил Тупурковски.

Децата облечени во маички со боите на олимписките кругови се дружеа, се забавуваа и спортуваа. На крај сите заедно засадија пет зимзелени дрвца кои ги симболизираат петте олимписки кругови.

You May Also Like