Целовечерен концерт на скопскиот бенд „Бернајс пропаганда“ кој ќе се одржи утре (петок, 17. 02. 2012 година) во Младинскиот културен центар со почеток во 21:00 часот. Концертот ќе се одржи во МКЦ, во Денсинг салата. Вечерта, BERNAYS PROPAGANDA ќе настапат заедно со пријателите Хипнополис, Mindless Violence и Green Fuzz.
Bernays Propaganda се формирани во 2007 година, за 5 години успејаа да ги создадат солидна база на фанови ширум регионот и Европа. Имаат отсвирено скоро 300 концерти во 29 земји во Европа, настапи на фестивали од рангот на Егзит (главна сцена), Теранео фестивал, Спирит оф Бургас. Со овој концерт воедно и официјално ќе биде промовирана целосно реновираната „Денсинг сала“ на Младинскиот културен центар – Скопје.
Тука можете бесплатно да ги симнете нивните албуми:
– My Personal Holiday
– Happiness Machines
Тука можете да ги видите новите песни:
– Bone to the Dog
– Додека крстот не го згасне
И да се потсетите на нивниот последен Скопски концерт:
– Булдожер во Колосеум
Купете карти во претпродажба во Југотон во ГТЦ и во билетарницата на МКЦ по цена од 200 денари, а билетите ќе чинат 200 денари до 19:00 часот на денот на концертот. На врата картата ќе чини 300 денари! Концертот започнува во 21:00.