На денешен ден, 24 јануари 1776 година роден е Ернст Теодор Амадеус Хофман, попознат со иницијалите Е.Т.А. Хофман. Германски писател, композитор, диригент и музички критичар, сликар-живописец, графичар и карикатурист.
Роден е во Конигсберг, во семејство на адвокат. Биографијата на Хофман, слична на таа на многу познати современици е сиромашна со настани, но тоа тој го компензира со огромно творештво, најмногу литературно.
Хофман го изразува својот талент, најмногу во областа на литературата. Критичарите на ХIХ век ги определуваат неговите раскази како „романтичарски“, додека пак светските современици како Гете и Шилер, се однесуваат со нежна насмевка кон неговиот литературен опус и дури после смртта Хофман,станува вистинска легенда.
Писателот твори најчесто раскази, приказни, кратки новели. Меѓу најпознатите творби се „Принцезата Брамбила“ , „Избор на невеста“ , „Мајстор Мартин и неговите калфи“ , зборникот „Серапинови браќа“. Уметнички напишани текстови мислиш создадени од некој голем музички ум, заситени со мистичен страв. Легендарна е способноста на Германецот да собира во својата проза, погледи од сите останати видови уметност.
Прозата на Хофман, врши големо влијание на мнозина големи автори, кои останале да творат после него. Херман Хесе, Томас Ман, Оскар Вајлд… Самиот Достоевски пишува во своите дневници,дека многу често ги пречитувал расказите на Хофман. По сказната на Хофман, Петар Илич Чајковски го пишува балетот „Оревокршачка“, веројатно и „Лебедово Езеро“. Вагнер пак според текст на Хофман, ја создава операта „Летечкиот Холанѓанец“.
Во Франција неговото влијание се осеќа во делата на Оноре Де Балзак, Теофил Готие, Шарл Бодлер…
Слика – Оревокршачката ислустрирана од Артур Шајнер, објавена во Прага, 1924 година.
Приготвил: Л.Ѓ.