Антоан Курт со ремикс за End of Time на Бијонсе

Mакедонскиот пејач и ар ен би продуцент Аднан Куртов а.к.а. Антоан Курт од вчера официјално стана дел од натпреварот за најдобар ремикс за песната End of Time од Бијонсе.

Поради издавањето на новиот албум  „4“ Бијонсе им дава шанса на сите млади и талентирани музички продуценти да конкурираат со свој ремикс за песната „End of time“, а најдобриот ремикс со најмногу гласови да се најде на официјалното издание “4” на Бијонсе.

Антоан Курт направи ремикс за оваа нумера што го докажаа и коментарите на дел од продуцентите кои работат со Бијонсе и влезе во кругот на неколкуте најдобри од кои ќе се одбере и победникот, па токму затоа ви го испраќаме линкот каде што е објавен и ремиксот на Антоан Курт, каде можете да гласате и да го поддржите.

Гласањето започна на 8 февруари и ќе трае се до 8 Март.

You May Also Like