Царинска донаторска конференција на Економскиот факултет

Царинската управа на Република Македонија и Регионалниот тренинг центар на Светската царинска организација (РТЦ на СЦО) на Економскиот факултет-Скопје во соработка со Државниот комитет за царина на Република Азербејџан во вторник, 14.05.2013 година, во Амфитетар 1 на Економскиот факултет-Скопје, со почеток во 12.00 часот оганизираат донаторска конференција на која Државниот комитет за царина на Република Азербејџан ќе донира техничка опрема за РТЦ на СЦО на Економскиот факултет-Скопје.

 

На овој свечен настан свое обраќање ќе имаат:

Г-динот Ајдин Алиев, Претседател на Државниот комитет за царина на Азербејџан,

Г-динот Ванчо Каргов, Директор на Царинската управа на Република Македонија и

Проф. д-р Љубомир Дракулевски, Декан на Економскиот факултет-Скопје, Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје.

По поздравното обраќање и церемонијата на донирање на техничката опрема ќе биде прикажан филм за ликот и делото на претседателот на Азербејџан г-инот Хајдар Алиев и Царината на Азербејџан, а по завршување на филмот на сите присутни ќе им бидат поделени брошури, каталози и пригодни подароци од Државниот комитет за царина на Азербејџан.

You May Also Like