Промоција на „Исход“ од Јовица Тасевски Етернијан

Во вторник, 14 мај 2013 година, со почеток во 19:00 часот, во Домот на културата „Кочо Рацин“ (Дом на градежниците – спроти Гимназијата „Јосип Броз Тито“), ќе се одржи промоција на новата поетска книга „Исход“ од Јовица Тасевски – Етернијан.

 

Книгата ќе ја претстави поетот и книжевен критичар Тодор Чаловски, а стиховите ќе ги интерпретира актерот Александар Вељановски.

Во рецензијата на поетската книга „Исход“, поетот и книжевен критичар Милош Линдро истакнува дека „најновата поетска книга од Јовица Тасевски – Етернијан, како и неговите претходни објави, е цврсто втемелена врз неговиот непоколеблив однос кон примарноста на естетските вредности на лирската песна. И во ’Исход’ овој поет минуциозно го цизелира секој стих, врзувајќи ги поимите во цврсти синтагматски спреги, при што ниту еден елемент од лирската структура не е одвишен, ниту, пак, нивната меѓусебна врска покажува каква и да е слабост. Тоа се цврсти лирски целости, во кои сé е прочистено од редундантни текстуални наноси, односно секој збор е поставен на своето вистинско место“.

You May Also Like