„Семејство“ на Виолета Чаповска во Чифте амам

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, вечерва (четврток,  22 септември 2011 година), со почеток во 19:00 часот ќе се отвори изложбата со наслов “Семејство” на Виолета Чаповска, македонски уметник кој подолго време живее и работи во Австралија.

Проектот Семејство вклучува грифички и видео инсталации со следните наслови: Именување имиња која се состои од женски имиња напишани на кирилица и латиница, каде авторката почнува од сопственото трагање по женска линија по мајка. Исто така како резултат на нејзиниот интерес за психоанализата се вклучени и имиња на некои од пациентите на Фројд и Бројер, како и историски и религиозни имиња од традицијата, како што се: Марија Магдалена и Сирма војвода како и трагичните и романтични имиња од литературата (Офелија, Јулија и Хеда).

Делото Хипноза и сеанса, ја истражува хистеријата со која авторката се занимавала во текот на нејзиниот студиски престој како уметник во болницата Св. Винсент во Мелбурн, каде во графиките се искористени фотографии и цртежи од Selpetrie, ментална болница за жени во Париз во 1800-те години.

Делото Именден е инспирирано од традиционалниот македонски обичај во кој се прославува името. Авторката дарувана со име на цвет – Виолета го прославува својот именден на Цветници. Цветните симболи и метафори имаат длабоки религиозни и сексуални конотации. Во средновековната уметност ружата е симбол на Богородица, лилјанот на Минојската култура, 300 години п.н.е. и се поврзува со мајчинството.

Во грчката традиција перуниката се поврзува со смртта. Темата исто така се потпира на потеклото и развојот на ботаниката, рефлектирана во историјата на ботаничките илустрации со богати научни текстови. Зборот корола на латински значи круна од венче, но шведскиот ботаничар Линаеус ја хуманизира флората со тоа што употребува термини на сексуални органи.

Виолета Чаповска е родена во Скопје, Македонија во 1967 година, дипломирала на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Факултет за ликовни уметности (на одделот графика) во Скопје во 1991 и магистрирала на Кралскиот Институт за технологија РМИТ во Мелбурн во 1995. Во нејзините дела се вклјучени: Land Print проектите (1994 и 1996) – Малото Езеро, Пелистер (2280 метри). Инсталацијата Телесни Течности на Чаповска беше вклучена во изложбата Gender Check во Музејот на Модерни Уметности во Виена во 2009.

Таа се интересира за различни културни репрезентации на женското тело, и влијанието на психоанализата во современата уметност . Нарациите на субјектот на мајчинството се рефлектирани во видео проектот  Мајчинска група, Мелбурн и Скопје ( Mother’s Group 2000). Во 2004 Чаповска оствари студиски престој во болницата “St. Vincent’s” во Мелбурн, испитувајќи го историскиот аспект на темата на “хистерија” и современиот наратив на женските боледувања, видливи во нејзините видео дела:  Болно заљубена девојка (The Love Sick Girl 2004) и Хипноза (Hypnosis 2004).

Во нејзиното творештво се исто така вклучени: инсталацијата Блескавост (Lustre 2006), проектот  Именување на името (Naming the name 2008-2010), видео проектот Терапија (Therapy 2011), со употреба на графика, текст, видео и текстил.

Изложбата ќе ја отворат г-ѓа Маја Крстевска, директор на Националната галерија на Македонија и Димитар Малиданов, професот на Факултетот за ликовни уметности во Скопје.

Изложбата е финансирана од Министерството за култура на Република Македонија и истата ќе биде отворена до 10 октомври 2011 година.

You May Also Like