Две самостојни изложби на турски уметници во Неготино

Во центарот за култура “Ацо Ѓорчев” од Неготино, вчера вечер (сабота, 11 мај) беа отворени две самостојни ликовни изложби на турските ликовни уметници Асие Аслан и Љутвие Боздан.

фото: Горан Т. Димов

Според директорката на центарот Мирјана Јованова, целта е афирмација на културата и продлабочување на соработката помеѓу Македонија и Турција.

Центарот за култура континуирано работи на зачувување на културното наследство и негово облагородување како и ширење на духовноста на поединецот и општетсвото со поддршка на актуелната жива култура. Таквата ангажираност на оваа културна институција не само што ја збогатува и надградува нашата културна состојба, туку културните вредности ги подготвува за меѓународна размена. Македонија има респективна традиција во која се наталожени повеќе цивилизациски слоеви. Културни, етнички и конфесионални влијанија, рече Јованова.

Бидејќи Македонија според својата генеза и традиција е мултикултурна, додаде таа, во тој контекст е и програмата за работа на центарот. Веќе подолго време имаат успешна културна соработка со општината Тепеџик, Ајдин од Турција.

Во соработка со градоначалникот на таа општина Тунџај Огун, беа организирани двете изложби.

Ние со домот на културата од Неготино правиме заеднички проекти од областа на културата. Ќе имаме и економска соработка, ќе дојдеме овде со наши бизнисмени, изјави Огун во своето обраќање на македонски јазик пред присутните.

извор: Сител

You May Also Like