Хaри Мaн е годинашниот добитник на наградата „Мостови на Струга“ на Интернационалниот поетски фестивал „Струшки вечери на поезијата“. Наградата се доделува по единаесети пат и оваа година оди за Шкотска, поточно за дебитантската збирка поезија „Лифт“ на младиот шкотски поет Хaри Мaн.
Хaри Мaн е млад поет, роден во 1982 година во Бакингемшир. Работи како уредник, програмер и дигитален издавач. Неговиот глас е позајмен од Харпер Аудио за многу детски книги. Во 2012 година тој ја освојува третата награда на Меѓународниот поетски фестивал во Кардиф и втора место на наградата „Измислени зборови“ на Интернационалниот ПЕН центар.
Негови дела досега се објавувани во неколку позначајни весници, а неговата дебитантска збирка поезија „Лифт“ за која и ја добива престижната награда на Струшки вечери на поезијата „Мостови на Струга“ е во издание на издавачката куќа Tall Lighthouse.
Досегашни добитници на оваа награда се Ангело В. Суарез (Филипини), Андреа Коте (Колумбија), Маријана Гејде (Русија), Мануа Рима (Белгија), Антонија Новаковиќ (Хрватска), Усман Сар Сарус (Сенегал), Сим Кера (Естонија), Хироши Таниучи (Јапонија), Франсоа Ксавие Мегр (Франција) и Николина Андова (Македонија).
Извор: strugapoetryevenings.com