Кампања за популаризација на читањето „Читај повеќе, читај секаде!“

Кампања која ќе ја потенцира полезноста на книгата, ќе укаже на нејзината неопходност и на македонските читатели ќе им доближи голем број квалитетни дела од многу македонски и странски автори …

citaj sekade matica 2

Издавачката куќа „Матица македонска“ денеска (вторник, 18 март) промовираше кампања за популаризација на читањето и за важноста на книгата под мотото „Читај повеќе, читај секаде!“.

До 20 април кампањата ќе опфати повеќе активности – читања, промоции, делење бесплатни примероци на книги во соработка со компании кои се спонзори на кампањата, отворање кафе-библиотеки… Неколкумина автори и јавни личности од Македонија, заедно со министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и со претставници на издавачот-организатор, денеска им подаруваа книги на минувачи на улицата „Македонија“.

Дејан Павлевски од „Матица македонска“ рече дека секоја година се зголемува бројот на нови членови во нивниот читателски клуб кој сега брои 35 000. Сепак, тој смета дека книгата треба да биде достапна за секого и затоа ја иницирале кампањата.

– Книгата гради споменик во срцето на читателот и затоа треба да се чита во секое време и секаде – рече Павлевски.

citaj sekade matica 1

Според министерката Канческа-Милевска, кампањата ќе ја потенцира полезноста на книгата, ќе укаже на нејзината неопходност и на македонските читатели ќе им доближи голем број квалитетни дела од многу македонски и странски автори. Таа посочи дека Министерството за култура во изминатиот период издвоило големи средства за проектите на приватните издавачки куќи.

– Од 2008 година досега се издадени над 4000 книги и изданија на македонски јазик и на јазиците на заедниците во нашата држава. Исто така, откупени се над 40 000 публикации со кои континуирано се збогатува библиотечниот фонд на институциите низ државата. На тој начин сметам дека правиме особени напори она што го поддржуваме да стане подостапно за сите граѓани на нашата држава – рече министерката за култура.

Во оваа пригода таа потсети и на објавениот конкурс за странски издавачи кои ќе преведат дела од македонски автори и дека досега на конкурсот, кој е во тек, се пријавиле 15 издавачки куќи.

07 citaj sekade

017 citaj sekade

021 citaj sekade

You May Also Like