Хуманитарна „Велигденска трпеза за сите“

Во организација на невладините организации “Арт Лајф”, “Уметност на живеење Македонија”, “Банка за храна Македонија” и “СУНА”, и ОУ “Гоце Делчев“ од Центар, од 15 до 26 април во тек е хуманитарната акција „Велигденска трпеза за сите“. На акцијата се собираат храна и облека кои ќе бидат донирани во  “Дневниот центар  за децата на улица” во Шуто Оризари.

 

Организаторите ги повикуваат сите заинтересирани граѓани, родители, здруженија, фирми  да земат учество во оваа акција и да ја поддржат.

Собирeн центaр:

ОУ “Гоце Делчев“ –Центар, Скопје

Собирниот центар е oтворен од 15.04.2013 до 26.04.2013

Повеќе информации кај: Соња 071/981 011 sonja_mala@yahoo.com

You May Also Like