В сабота (20 април, 2013) во 12:00 часот во Домот на АРМ, Македонската филхармонија ќе изведе концерт од серијата симфониски концерти за деца.
На програмата се дела инспирирани од пролетта, а потпишани од големите мајсотри: Вивалди, Григ, Чајковски, Штраус, Бетовен.
Низ програмата децата ќе ги води младиот актер Мартин Јордановски, а со Филхармонијата ќе диригира Саша Николовски Ѓумар.