Хуманитарна семејна трка

Утре (сабота 22 декември, 2012) со почеток во 12:00 часот на улицата „Никола Вапцаров“ (новата пешачка зона кај кафе „Тренд“) ќе се одржи голема Хуманитарна семејна трка за Среќна Нова 2013 година. Трката е дел од „Дедомразијадата 2012“ во организација на Општина Центар. 

Овој проект Општина Центар го организира и реализира во соработка со Сојуз на Спортови на Град Скопје.

На Дедомразијадата ќе земат учество деца од сите детски градинки и училишта на Општина Центар и со тоа воедно ќе им се даде можност, заеднички  да ги прослават предновогодишните празници во знакот на Божиќна забава (Christmas Party), која што секоја година се одржува во западните метрополи (Њујорк, Лондон, Париз и Виена).

Со организирање на Дедомразијадата 2012, Општина Центар покажува дека во своите приоритети на делување, посветува  особено внимание на младите жители во организирање на настани од: едукативно-забавен, како и спортско-рекреативен и хуманитарен  карактер.

Но, исто така со годинешнава Дедомразијада ќе се стави акцент и на хуманоста на дело, бидејќи  ќе се одржи и хуманитарна семејна трка  за среќна Нова година. Средствата од трката ќе бидат донирани за подароци во СОС Детско село. Оваа трка ја ораганизираме во соработка со Сојузот на спортови на Град Скопје, односно како Скопски мини маратон, каде што сакаме да ја истакнеме важноста на учеството на деца од најмала возраст во спорстки и хуманитарни активности.

Мајки и татковци заедно со своите деца ќе трчаат, ќе се забавуваат, сите пријавени учесници ќе добијат новогодишни подароци и воедно ќе донираат и со тоа ќе им ги разубават новогодишните празници на децата од СОС Детско село. Преку една ваква акција, сакаме да им ги пренесеме на младите генерации хуманите вредности.

Хуманоста како човекова карактеристика која треба да се негува и развива од најмала возраст, преку стекнување навики  за пружање на помош на оној на кого му е најпотребна, можноста да се подари, можноста  да се сподели нешто со некого.

Програма:

Прв дел: Хуманитарна семејна трка за Среќна Нова, во која ќе земат учество децата со своите родители.

– Секое дете со котизацијата добива новогодишна капа со која ќе трча и талонче за учество во новогодишната лотарија.
– Старт: Од триаголникот кај поранешен Ловец или поранешна Беба
– Цел: До поставената бина во близина на „Тренд“. На трката нема победници, бидејќи истата е од ревијален карактер.
– Обраќање на Градоначалникот на Општина Центар Владимир Тодоровиќ и Киро Синадиновски, директор на Скопски маратон
– По трката ќе следи интересна лотарија со награди за сите учесници во неа и пред се многу забава и дружење за сите присутни. Ќе се влечат добитниците од оваа лотарија, а наградите ќе бидат обезбедени од спонзори и како и дел од котизацијата.

Втор дел: Сценско-музички дел – Настап  на музичките  ѕвезди Дарко Илиевски и Магдалена Цветковска, како и на децата од градинките и училиштата.

– Дедо Мраз за сите деца, учесници на хуманитарната трка ќе доделува новогодишни подароци
– Општина Центар ќе обезбеди и бесплатно топол чај за сите посетители на Дедомразијадата.

Божиќен базар

Базарот ќе има продажбен карактер. Децата од градинките и основните училишта од Општина Центар ќе имаат можност да ги претстават своите новогодишни честитки и божиќни изработки  на штандови, брендирани со Општина Центар.Новогодишните изработки и честитки ќе се продаваат по симболични цени, а собраните средства ќе бидат наменети исто така, за хуманитарни цели за купување на новогодишни подароци за децата од СОС детско село.

You May Also Like