Општина Центар по повод Денот на општината- 3 ноември, организира хуманитарна акција за собирање на облека, обувки и играчки, кои ќе бидат подарени на жителите од општината приматели на социјална помош.
Општина Центар во пресрет на 36 годишнината од нејзиното постоење реши јубилејот да го прослави на неконвенционален начини и наместо прослава да организира хуманитарна акција. Примарно акцијата беше наменета само за вработените на општината, меѓутоа интерес пројавија и граѓаните. За таа цел акцијата се прошири и на граѓаните кои овие денови донираа значителна количина на облека и обувки.
Заради големиот одѕив на акцијата рокот за доставување на донации од страна на граѓаните ќе се продолжи до 5.11.2012 година (понеделник).
Своите донации граѓаните треба да ги донесат во просториите на Општината во барака 4 (од 8.00 -16.00ч).
Исто така доколку се заинтересирани да се вклучат во оваа хумана акција , а не се во можност да дојдат во Општината, можат да се јават на телефон 3203-634 (од 8.00-16.00ч) и ние ќе ја подигнеме нивната донација.
Општина Центар јавно им се заблагодарува на граѓаните и на вработените на општината кои дадоа огромен придонес оваа хуманитарна акција да успее. Исто така апелира до останатите граѓани да ја поддржат акцијата и да дадат свој придонес.
