Турски со „Камен“ гостува во Театар Комедија

Турскиот Театар утре (16 мај, петок ) со почеток во 20:00 часот на сцената на Театар Комедија ќе ја изведе репризата на претставата КАМЕН од  Мариус Вон МАЈЕНБУРГ, во режија на Билге ЕМИН.

kamen_turski_teatar

 

„Драмата “Камен” претставува емотивно сеќавање, која го следи животот на едно семејство од Дресден во различни историски времиња (1935, 1945, 1953, 1978, 1993) и говори за семејниот мит, за криењето на вистината за злосторството на нацизмот.

Претставата се занимава со проблемот на губењето на идентитетот, односно градењето на идентитет со лажно минато. Дали можеме да изградиме иднина без вистината за сопствената историја? Потребата од што е можно поскоро соочување со вистината е доказ дека без вистината не е возможен идентитет.

Во претставата, градењето на идентитетот започнува со неговото ослободување, до кое се доаѓа преку разрешување на семејниот мит. Лагата за семејниот мит, пренесуван од генерација во генерација, не настанала од потребата за фалсификување на историјата, туку како потреба за снаоѓање на “малиот човек во големите времиња”… Бигле Емин.

You May Also Like